Славен Билиќ – првиот менаџер со црвен картон

од Vlatko K
209 прегледи

Менаџерот на Вест Бромвич, Славен Билиќ, стана првиот менаџер, што ја почуствувал тежината на
новите правила во фудбалот. Тој мораше да ја напушти клупата порано при ремито 1:1 против
Дерби Каунти во последното коло од Чемпионшип. Хрватот доби два жолти картони и
последователно црвен во 87-та минута од судијата Гавин Ворд.


Од новата сезона во Лигата на шампиони и професионалниот фудбал во Англија, персоналот ќе
може да биде официјално предупреден за време на натпреварот.

Ова ќе се случува и при повреда на спортските правила на фудбалот.

Ако не е јасно кој од присутните на клупата е виновен, тогаш картонот е за лицето кое стои
највисоко во хиерархијата – менаџерот.

Инаку, Билиќ беше незадоволен од досудените пенали, а на мечот беа 3. На крајот, двата тима
одиграа 1-1 со по еден гол од белата точка.