ФИФА го прогласи најбрзиот фудбалер во светот (ВИДЕО)

од Vlatko K
172 прегледи

Напаѓачот на Фламенго, Бруно Енрике, стана најбрзиот играч на светот, според официјалниот
профил на Твитер на ФИФА.

За време на четвртфиналето на Копа Либертадорес против Интернационал (2-0), 28-годишниот
Бразилец разви брзина од 38 км на час. Тој ги постигна двата гола за успехот на неговиот тим.

Претходниот рекорд го имаше Герет Бејл, кој разви 36,9 км на час на натпревар на Реал Мадрид.
За да добиете поточна идеја, Усеон Болт достигна 44,72 км на час во трката на 100м за 9,58 секунди
и постави светски рекорд.

Неговата просечна брзина беше 37,58 км на час.