Интер и Јунајтед ќе преговараат за Санчез и во понеделник

од Vlatko K
175 прегледи

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез следната недела ќе се раздели со „црвените
ѓаволи“ и ќе замине во Интер на изнајмување, објави „Дејли мирор“.


Клубот од Серија „А“ се согласи да плати половина од огромната плата на Чилеанецот од 500.000
фунти неделно до крајот на сезоната. „нероазурите“ тогаш ќе можат да ги купат правата на играчот
за околу 20 милиони фунти.

Проблемот е во дополнителните две сезони до крајот на договорот на Санчез. Секако,
поранешниот фудбалер на Барселона и Арсенал нема доброволно да се согласи на значително
намалување, а Интер едноставно нема да може да му плати толку пари.

Во понеделник, претставниците на двата клуба ќе преговараат и се очекува договор до крајот на
денот