Ливерпул постави клупски рекорд по бројот на победи во низа во Премиер лигата

од Vlatko K
102 прегледи

Вчерашната победа на Ливерпул над Арсенал (3:1) во натпревар од 3.коло на шампионатот на
Англија им овозможи на „црвените“ да постават рекорд. Според официјалната веб-страница на
клубот, тимот сега има 12 последователни победи во Премиер лигата, имајќи го предвид крајот на
минатата сезона.


Ова е нов рекорд на клубот од „Енфилд“.

Серијата започна на 10 март годинава, со победа над Барнли во натпревар од 30. коло на минатото
првенство.