Нова свадба во кралското семејство

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Кралските свадби се од оние светски настани за кои се зборува многу пред да се случат и откако веќе се факт.

Свадбата на принцот Хари и Меган Маркл се претвори во настан на 2018 година, а неколку месеци подоцна дојде и друга кралска свадба – онаа на принцезата Еужени и нејзиниот избраник Џек Бруксбенк. Направени се еден куп споредби помеѓу двата настани од медиумите на Островот, кои се едноставно неизбежни, барем заради протоколот.

И сега на хоризонтот има уште една свадба, за која ќе се дискутира во следните неколку месеци. Сестрата на веќе омажената принцеза Еужени – Беатрис, исто така, ќе се упати кон олтарот.

31-годишната принцеза од Јорк е ќерка на принцот Ендру и Сара Фергусон. Таа присуствуваше на сите големи кралски настани, а сега дојде нејзиниот ред да биде во центарот на вниманието.

Веќе неколку месеци кружат гласини дека Беатрис била верена со 35-годишниот милионер за недвижнини Едуардо Моци, но сè уште нема официјална потврда од палатата.

Двајцата се во врска околу една година, а нивниот прв настап во јавноста беше во март, на настан на кој присуствуваа и Кејт Мидлтон и Викторија Бекам.

Според изворите, свадбата на Беатрис и Едуардо ќе биде во пролетта 2020 година. Принцезата е деветта по ред која може да го наследи престолот и не треба да бара дозвола од кралицата за да се омажи.

Сепак, Елизабета Втора ја одобрува врската на нејзината внука. Двојката беа на гости во кралскиот имот „Балморал“ минатата недела и се верува дека токму тогаш ја соопштиле веста дека биле верени а многу наскоро, а ние официјално ќе го дознаеме тоа, пишува „Дејли Мејл“.

Милионерот одамна се запознал со семејството на Беатрис, како и со нејзиното непосредно опкружување. И самиот факт дека ова е првиот човек со кој се гледаме во последните 10 години е јасен знак дека свадбата е навистина близу.