По 3 децении, Ѓорѓевиќ проговори за инцидентот со Дражен Петровиќ на мечот Цибона – Партизан

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Поранешниот српски репрезентативец и актуелен селектор на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, даде интервју за локалните медиуми по повод неговиот 52-ти роденден, за време на кое тој потсети на конфронтација со Дражен Петровиќ и неговиот брат Александар.

Јавноста до ден денес знаеше само дека меѓу нив се случил инцидент, но не и детали за време на натпреварот помеѓу Цибона и Партизан:

– Не се обидоа они двајца да меистепаат мене, туку беше спротивно! Го загубивме тој натпревар по две продолженија, а Дражен го напушти натпреварот во едно од нив поради пет лични грешки. После мечот, тој ми се внесе во лице и ми рече: „А ти, дете, ќе видиш кога ќе заиграш во репрезентацијата. Никогаш повеќе!“, ми рече и си замина, а јас тргнав по него, го пцуев, го навредував. Сите ме држеа – ја раскажа својата верзија за настанот Ѓорѓевиќ и додаде:

– И оттогаш не се најдов во националниот тим. Без разлика дали беше поради овој случај или за нешто друго, не знам, но такви беа работите. Дали тоа беше затоа што тогаш ние, децата во тоа време, се осмелувавме да ја нападнеме моќната Цибона, тој во таа позиција, неговиот брат, навистина незнам, но вистина е – заклучи Ѓорѓевиќ.

Тој додаде дека бил многу лут што тогашниот селекторот на Југославија, Дуда Ивковиќ, не го повикал меѓу 16 кошаркари за ЕП 1989 година.