Лампард го моли Дешан да не го вика Канте за претстојните квалификации

од Vlatko K
159 прегледи

Менаџерот на Челзи, Франк Лампард, побара од францускиот селектор Дидие Дешан да не испраќа
повик до Н’Голо Канте за претстојните квалификации против Андора и Албанија.

Причината за ова е што борбениот играч од средниот ред не успеа да се опорави целосно од
серијата повреди што неодамна ги доби. Канте играше доби инекција во коленото за финалето во
Лигата на Европа, по што пропушти голем дел од својата подготовка да се опорави од оваа
повреда. Во првото коло тој беше на клупата за стартот на дербито со Манчестер Јунајтед и се
појави во игра во 73-тата минута.

За краткото време, во кое беше на теренот, тој го повреди глуждот. Сепак, тој стисна заби и играше
со болка на натпревар од Европски Суперкуп против Ливерпул.

Во саботата, Лампард му даде пауза на Канте, но тој не е во добра физичка состојба и му треба
подолг период без големи оптоварувања. Затоа менаџерот на Челзи го поставил ова барање до
Дешан, но тој веројатно нема да го исполни, бидејќи Канте е клучен играч во неговиот тим.