Ландо Норис ја повреди ногата пред почетокот на тркачкиот викенд во Формула 1 во Белгија,
открија од Мекларен. Британецот сподели пред своите обожаватели дека ќе може да вози, иако
имал медицинска чизма на левата нога една недела пред трката.
Според соопштението на Мекларен, Норис има воспаление на тетива на левата нога што го добил
додека трчал. Самиот пилот им откри на своите следбеници на социјалните мрежи дека болката е
доста интензивна. Медицинската чизма е само мерка на претпазливост за да не се искомплицира
повредата.
18-годишниот пилот вчера го посети Гран при на Велика Британија во МотоГП и го запозна неговиот
идол Валентино Роси. Норис, исто така, му ја врачи наградата на победникот Алекс Ринс. На
„Силверстон“, Норис неја носеше чизмата.
Норис ја започна својата деби сезона во Формула 1 и му помогна на Мекларен да го завземе
четвртото место во пласманот кај конструкторите.