Дејвид Бекам беше забележан како се забавува со семејството, покажувајќи ретка нежност кон неговата сопруга Викторија во неделата на луксузната јахта на Сер Елтон Џон во јужна Франција, пренесува Дејли Меил.
44-годишната фудбалска легенда во друштво на неговата ќерка Харпер и нивните синови нуркаше додека Викторија (45) зборуваше со сопругот на музичарот Дејвид Фурниш.
На јахтата беше очигледно дека Ромео и Бруклин се забавуваа на одморот и покрај тврдењата дека тој се разделил со својата девојка Хана Крос.
Дејвид беше во одлично расположение и форма и на сончева светлина нежно ја бакна Викторија, која носеше шик бел фустан со тенки ремени, забележува публикацијата.
Спортската sвезда ја покажа својата совршена форма скокајќи со Харпер во водата. Девојчето изгледаше многу слатко во целосно бел костим за капење покриен со еднорози. Во исто време, Викторија со ентузијазам го документираше подвигот со снимање на скокот со нејзиниот телефон.
Елтон Џон и неговиот постар син Захари, кои исто така уживаа во водата, беа на јахтата.
Ова не е прв пат семејството Бекам да го поминува својот август одмор на јахта на музичарот. Минатата година беа забележани заедно.