Форбс: Тејлор Свифт е најскапо платената пејачка во светот

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Американската пејачка Тејлор Свифт е најскапата пејачка во светот, според табелата составена од магазинот „Форбс“.

Во текот на изминатата година, таа заработила 185 милиони долари. Тејлор доби значителен дел од таа сума од нејзината турнеја. Само во САД биле продадени билети во вредност од 266 милиони долари за нејзините концерти. Пејачката, исто така, направи многу профитабилен договор со Републик Рекорд. Исто така, се очекува да добие значителен удел во продажбата од својот нов албум, „Љубовник“.

Втора на списокот, но со далеку поскромни резултати од победничката, беше Бијонсе, која освои 81 милион долари. Трета е  црниот бисер Ријана со годишни приходи од 62 милиони американски долари.

Во првите десет на „Форбс“ се најдоа Кети Пери со 57,5 ​​милиони долари, Пинк со 57 милиони долари, Ариана Гранде со 48 милиони долари, Џеј Ло со 43 милиони долари, Лејди Гага со 39,5 милиони долари. На последните две места се Селин Дион со 37,5 милиони долари и Шакира со 35 милиони долари.

Првите десет најскапи пејачки заработија 645,5 милиони долари, што е за 28,55 милиони повеќе од претходната година, кога нивниот приход беше 502,5 милиони долари.

Форбс ја објави заработката на ѕвездите за периодот јуни 2018 година до јуни 2019 година пред даночење.