Евакуирани две села поради пожар на Крф

од desk4
221 прегледи

Две села во јужниот дел на грчкиот остров Крф попладнево се евакуирани поради голем пожар кој избувнал поради, засега, неутврдени причини.

Евакуирани се жителите на селата Неохори и Палеохори.

Во гаснењето на огнената стихија учествуваат и канадери и според последните информации, пожарот е ставен под контрола.