121
Во Тетово денеска гостуваат играорците кои учествуваат на 13-тиот Меѓународен фолклорен фестивал „Скупи 2019“, што се одржува во Скопје од 28 до 31 август. Играорците во текот на денот беа на прием во Општина Тетово и на разгледување низ градот, а ќе продефилираат вечерва на градскиот плоштад во 20 часот.
-Играорци од Киргистан, Косово, Хрватска, Словенија, Албанија, Турција, Северен Кипар и многу други земји денеска ќе продефилираат низ Тетово во рамки на втората фестивалска вечер, информираа од Општина Тетово.
Фолклорниот фестивал беше отворен вчера на плоштадот Филип Втори во Скопје. Во петок играорците настапуваат во скопско Студеничани, а во сабота на плоштадот Скендербег во Скопје.