По 15 години се возобновува едричиларската лига во државата

од Vlatko K
110 прегледи
 По 15 години Воздухопловната федерација на Република Северна Македонија повторно ќе  организира државен куп-натпревар со едрилици.
-Првиот Бланик куп натпревар во прецизно слетување со едрилици е закажан за сабота, 7 септември, со почеток во 9 часот и 30 минути, на спортски аеродром „Аџи Тепе“ во Куманово. Натпреварот е во организација на Воздухопловма федерација и Аеро- клуб „Куманово” и со него се означува историски момент – обнова на лига во спортско едриличарство. По пауза од повеќе од 15 години, македонските едриличари од целата држава повторно ќе се натпреваруваат и ќе ја претставуваат земјата на овој несекојдневен спортски настан, информира Биљана Еверетте, генерален секретар на ВФМ.
На овој Бланик куп од нашата држава ќе учествуваат 11 пилоти, а најавени се екипи-учесници од Словенија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Од Воздухопловствната федерација ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да го проследат настанот, а истовремено повикаа и на поголема медиумска промоција на овој несекојдневен настан.

Слични содржини