Во организација на Министерството за локална самоуправа, денеска и утре во Маврово ќе се одржи работилница на тема „Децентрализацијата во Република Северна Македонија и подобрување на функционалноста на општините”.
Работилницата ќе ја отворат министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов и заменичката на постојаната претставничка на УНДП, Сања Бојаниќ.
Најавено е учество на градоначалници, претставници од надлежни министерства и експерти. Настанот е организиран со поддршка на УНДП, во рамките на проектот „Подобрување на општинското управување”, финансиран од Европската Унија.
На форумот ќе продолжи дијалогот со релевантните чинители за трансфер на нови надлежности на општините и подобрена ефикасност во испораката на услугите, за фискалната децентрализација, како и за потребите и можностите за структурна реорганизација на општините во смисла на поттикнување на граѓанското учество, транспарентноста и зајакнување на улогата на месната самоуправа.