Мицкоски дециден нема компромиси- Дескоска е пречка за договор за Законот за СЈО!

од Vlatko K
224 прегледи

Планот – Б за начинот на донесување на Законот за јавното обвинителство е правно погрешен, оценува претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На новинарско прашање за време на денешната прес конференција, во врска со изгледите да се најде решение за овој закој, со кој се регулира и статусот на Специјалното јавно обвинителство, Мицкоски рече дека основната пречка за договор меѓу власта и опозицијата е министерката за правда, Рената Дескоска, чија единствена цел било, како што кажа, пресметка со ВМРО-ДПМНЕ.

Запрашан дали неговата партија размислува за флексибилност во врска со црвените линии во преговорите, Мицкоски дециден:

„Нема компромис со правото!“