Шарл Леклер конечно ги израдува фановите на Ферари и ја донесе првата победа на „Скудерија
сезонава“, триумфирајќи на патеката „Спа“ во Белгија.
Младиот пилот имаше силна трка, откако си направи добра предност во првата половина од
трката, а потоа со помош на Себастијан Фетел го премина финишот со минимална предност пред
Луис Хамилтон, за да го оствари својот прв успех во кариерата.
Германскиот лидер на „Црните коњчиња“ имаше проблеми со гумите, откако направи дополнителна
промена во боксот, што го испрати на четвртата позиција. Валтери Ботас со другиот Мерцедес се
најде на третото место.
Алекс Албон стигна до 5-тата позиција во својата прва трка за Ред Бул, а бодови зедоа уште Серхио
Перез, Данил Квјат, Нико Хулкенберг, Пјер Гасли и Ленс Строл.
Во пласманот, Хамилтон води со 268 поени, додека Ботас има 203, а Макс Верстапен 181. Следат
Фетел со 169 и Леклер со 157.