„На сите ученици, а особено на првачињата, им посакувам да бидат љубопитни и успешни, бидејќи почнуваат една многу важна етапа во нивните животи.Истражувајте го светот околу вас и радувајте се на секое ново знаење. Ние ќе ја продолжиме грижата за образованието и за стандардот на наставниците. Државата вложува во образовниот кадар и во децата, а тој влог ќе расте во иднина“, вели премиерот Зоран Заев по повод првиот училишен ден.

„Овој септември, сите наставници ја започнуваат работата со повисоки плати. Бараме начини и за дополнително зголемување на платите, и затоа ги повикувам и наставниците, во интерес на учениците и нивната иднина, вредно и трпеливо да ги исполнуваат професионалните и образовните задачи. Имаме заедничка одговорност да го подобруваме образованието“, додава тој.