По шест тест-верзии на Android 10, Google е конечно подготвен да го пушти конечното издание на
платформата за паметни телефони од серијата Pixel. Од денес, софтверот е достапен за Pixel 3a,
Pixel 3a XL, Pixel 3, Pixel 3 XL, Pixel 2, Pixel 2 XL, Pixel и Pixel XL и треба да достигне многу други уреди
од трети страни во наредните месеци. Пред неколку дена стана јасно дека Google ја напушта
традицијата да ја крсти секоја голема верзија по десерт, а Android Q ќе биде едноставно Android 10.
Во исто време, компанијата го ажурираше и брендот на платформата.

Google посочува дека Android 10 се фокусирал на подобрување на секојдневната работа со функции
кои користат машинско учење, а исто така додаде и поддршка за нови технологии како што се 5G и
дисплеи на преклоп. Покрај скоро 50 промени околу безбедноста и приватноста, Android 10
обезбедува подобра заштита, транспарентност и контрола врз податоците.