Сценарија за британската политичка разврска со брегзит

од desk2
154 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон претрпе голем пораз во парламентот вчера бидејќи пратениците гласаа за покренување постапка за забрана за брегзит без договор.

Повеќе од 20 пратеници од неговата Конзервативна партија ги поддржаа опозициските партии и го поддржаа првиот чекор за донесување закон според кој, доколку договорот не се воспостави, брегзит повторно би се одложил по 31 октомври.

Џонсон вчера повтори дека во никој случај не би се согласил да го одложи излегувањето на државата од ЕУ, но ќе свика предвремени избори доколку се донесе законот за одложување.

Иако распишувањето предвремени избори носи ризици, Џонсон се надева дека ќе освои повеќе места за конзервативците и потоа ќе го спроведе брегзит „по кратка постапка“.

Сепак, според законот за Велика Британија, фактот дека премиерот сака избори, не значи дека тие ќе се случат.

Според законот за постојани парламенти од 2011 година, британскиот премиер веќе не може да распише избори според своја дискреција.

Тој треба да добие зелено светло од две третини од парламентот, или 434 пратеници.

Единствената работа во рацете на премиерот е одлуката за датумот на гласање, поради што многу пратеници се загрижени, нагласува Би-Би-Си.

Иако Џонсон сугерира дека изборите би можеле да бидат на 14 октомври, тој лесно може да ги помести за 31 октомври, самиот ден на излез од ЕУ.

Претпоставувајќи дека ја добил потребната поддршка од парламентот, премиерот и препорачува на кралицата датум што таа мора да го одобри.

Потоа, парламентот се распушта на 25 дена и членовите престануваат да бидат пратеници во парламентот и се вклучуваат во кампања за реизбор.

Од гледна точка на владата, најголемиот проблем е што тие треба да ја добијат поддршката на опозициските   лабуристи во парламентот.

Официјални лица од таа партија велат дека има малку шанси тоа да се случи но, не е невозможно владата да го „заобиколи“ тоа барање.

Тоа може да се постигне со воведување на едноставен закон според кој изборите се нарекуваат „без оглед на законот за постојани парламенти“.

Таквиот предлог-закон не бара поддршка од две третини од парламентот, туку само мнозинство од 51 процент.

Недостаток на тој план е дека е потребно многу време да се донесе законот, затоа што треба да го помине Домот на лордовите, покрај Долниот дом на Парламентот.

Исто така, постои опција предложениот закон да биде изменет.

Имено, пратениците би ги разгледале измените и тоа ќе им овозможи на противниците на брегзит без договор да влијаат на амандманот.

Постои трето сценарио со висок ризик.

Ако владата е цврсто решена дека сака предвремени избори, може да побара гласање за недоверба.

Доколку тоа се случи, парламентарците ќе треба да одлучат дали сакаат сегашниот кабинет да продолжи да ја води земјата.

По гласањето за недоверба на владата, Џонсон поднесува оставка и мнозинството во парламентот има 14 дена да формира алтернативна влада.

Новиот премиер тогаш најверојатно ќе бара одложување на брегзит.

Меѓутоа, ако не се најде решение во рок од две недели, општите избори автоматски се распишуваат.

Таа опција е најмалку веројатна бидејќи се потпира во целост на неможноста на опозицијата да формира алтернативна влада.

Слични содржини