ФОТО: Пожарот на Скопска Црна Гора сликан од Водно, огнот и натаму активен

од desk4
174 прегледи

 Три противпожарни возила со девет пожарникари се упатени во близина на скопското село Виниче за да го гасат шумскиот пожар на Скопска Црна Гора, потврди за МИА командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

На Твитер беше објавена фотографија од пожарот направена од Водно.

Пожарот е на непристапен терен и доколку пожарникарите не бидат во состојба да го стават под контрола, како што рече Симоновски, на помош ќе биде повикана Армијата.

Синоќа жители на  Брњарци јавуваат  дека огнот се ширели кон Страчинци и кон Арачиново, со ветерот кој дуваче во вечерните часови.

Вчера пожарникари на Противпожарната бригада на Град Скопје гаснеа шумски пожар во близина на скопското село Страчинци каде што гореше нискостеблеста шума.

Слични содржини