СЈО се уште нема одлука за предметите, но се очекува да ги префрлат следната недела

од desk2
151 прегледи

Официјална одлука од СЈО се уште нема по вчерашниот став на државниот обвинител Љубомир Јовески дека е подготвен да постапува по предметите кои ќе му ги даде СЈО, но обвинителите со кои разговараше Канал 5 велат дека има расположение да му ги предадат обвиненијата во судска постапка, истрагите и предистрагите.

Во врска со рокот од три дена за кој се спомнува дека го дала нивната шефица од притвор велат дека тој може да биде само инструктивен а не и обврзувачки, додека само ЗКП ги обврзува на рокови и никој друг. Според нив во игра е и опцијата пак да ги застапуваат предметите доколку влезат во новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција или пак се вратат во обвинителствата од каде што доаѓаат.

И додека по вчерашните консултации во Министерството за правда од СЈО најавија дека наскоро ќе донесат одлука дали и кои предмети ќе ги предадат на редовното обвинителство, во јавност се поставува прашањето дали постои можност некои од обвинетите и осомничените да се спасат од одговорност. Поранешната судијка во судот во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска вели дека опасност од застарување на делата секогаш постои но не гледа пречка во постапките доколку ги преземе редовното обвинителство.

За сите останати технички прашања околу префрлање на обвинителите Николовска не гледа пречки, иако смета дека најиздржливо е решението СЈО да се интегрира во Обвинителството за организиран криминал. Но ова обвинителство засега останува без решен статус откако пропадна и последниот обид на партиите да се договорат околу Законот за ЈО. По вчерашната средба и минстерката за правда Рената Дескоска рече дека со одлуката на Јовески прашањето не е веќе ургентно.

Поради скратените рокови Законот за ЈО се очекува да биде донесен најдоцна до 15 септември. За да биде усвоен потребно е двотретинско мнозинство од пратениците, а неговото носење е клучно и за евроинтеграциите на земјава.

Слични содржини