Пред споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија во црквата во населбата „Балканска“ во Штип денеска беше одбележана 70-годишнината од граѓанската војна и прогонот на децата бегалци од Грција.
–Овој ден значи многу за граѓаните на Македонија посебно за град Штип. Јас сум горд што сме тука сите заедно. Покрај 8 Септемрви се одбележува и 70 години од егзодусот на децата бегалци и граѓанската војна кои беа прогонувани во други држави, изјави Стојан Димков.
Животните приказни на преживеаните ги вратија сеќавањата на ужасот од прогонот од родните огништа, кои понатаму се пренесуваат на идните генерации, за да не се заборави.
–Јас бев седум години кога се случи војната 1947 година од село Пожарско. Имаше и многу жртви во граѓанската војна, рече Ристо Причков.
Пред споменикот на децата бегалци, почит оддадоа делегации на здруженијата на Македонци од егејскиот дел „Македон“ и „Мирка Гинова“.
На денешниот настан по повед 70 годишнината од крајот на граѓанската војна во Грција и 8 Септември Денот на независноста на Македонија присуствуваа и делагација на општина Штип, пратениците во Собранието и претставници на политички партии и граѓански здруженија.