Историската размена на затвореници меѓу Русија и Украина заврши , објавија руските медиуми.

Портпаролот на Кремаљ, Дмитриј Песков, ја потврди размената. 

Авионите на затворениците слетаа на аеродромите во Москва и Киев , со што се  стави крај на долгоочекуваната размена меѓу двете држави. Размената меѓу Русија и Украина се заснова на формулата „35 за 35“.

  Ослободени се сите 24 украински морнари вклучени во инцидентот во Керчскиот теснец . Меѓу ослободените Украинци е директорот Олег Сенцов , кој беше осуден на 20 години затвор од руски суд под обвинение за тероризам.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги поздрави ослободените Украинци на аеродромот во Киев . Таму тој објави дека имал телефонски разговор со неговиот руски колега, Владимир Путин . Украинскиот лидер потврди дека се вратени 35 граѓани на Украина.

Руските политичари коментираат дека размената на затвореници е првиот чекор од конфронтацијата до дијалогот што може да помогне во спроведувањето на договорите од Минск.

Размената беше закажана за 30 август, но никогаш не се случи од непознати причини.

Претходно, Интерфакс, повикувајќи се на извори, објави дека 70 лица се на списокот. Овие вклучуваат 24 украински морнари, директорот Олег Сенцов и десет други украински граѓани. Според протечените информации, Путин помилувал 11 Украинци за размената, вклучувајќи го и Сенцов.

  Украина го ослободи главниот уредник на РИА Новости во Украина Кирил Вишински, Владимир Цемах, кој е поврзан со соборениот патнички авион МХ17, како и на воените службеници Максим Одинцов и Александар Баранов.

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја опиша размената меѓу двете земји како важен чекор.

Според адвокатот Николај Полозов, претставувајќи ги интересите на украинските морнари, во руските затвори има околу 100 други украински државјани.

Украина го објави списокот на ослободени украински граѓани. Сличен потег се очекува и од Кремаљ. 

Пред само неколку дена на Источниот економски форум, рускиот лидер Владимир Путин објави дека преговорите за „голема“ размена на затвореници со Украина завршуваат . Ова беше  прв пат рускиот претседател да зборува отворено за ваква размена, откако пред само неколку недели се појавија вести за таква намера на Москва и Киев.