Поставени темелите на новиот Yaris

од desk2
220 прегледи

Toyota ја претстави нова механичка платформа која ќе ја користи следната генерација Yaris.

Платформата на Toyota TGNA во моментов е најзастапената база во опсегот на јапонскиот производител, а сега има нова подваријанта. Нејзиното име е GA-B и е наменета за субкомпактни модели.

Бидејќи поголемиот GA-C го користи C-HR и Corolla, јасно е дека новиот ќе го користи Yaris.

Инаку, оваа платформа овозможува варијации во меѓуоскиното растојание и ширина на патеката на тркалата, а предвидува употреба на торзото но и мулти-линк во системот за поддршка на задните тркала.

Позицијата на воланот е мала, скоро во центарот на гравитација на возилото, а предвиден е простор за сместување на поголеми батерии за хибридна или електрична варијанта.

Се претпоставува дека Toyota со Yaris на оваа платформа ќе го постави и идниот кросовер, најавениот концепт FT-4X.

Слични содржини