Старите мотори со внатрешно согорување ќе завршат во музеј, објави производителот.
Производителот на автомобили Daimler најави дека неговиот градски автомобил Smart, со новиот модел ќе биде целосно на електричен погон со што ќе стане прв бренд кој целосно се префрла на батерија.
На саемот за автомобили во Франкфурт кој се одржува од 11 до 21 септември, градскиот минијатурен автомобил ќе се појави со подобрен дизајн и намален опсег на мотори.
Тоа е затоа што Smart Fortwo, кој постои во форма на купе и кабриолет, како и Forfour ќе се појави исклучиво со електричен мотор од 60 коњски сили и брзина од 159 километри на час.
Старите мотори со внатрешно согорување ќе завршат во музејот, најави производителот.
Новата генерација на два мали модели ќе се разликува од постарите по променетиот изглед на фарови и новата решетка на радијаторот.
Внатрешноста ќе биде надградена со нов информатичко-забавен систем со безжична интеграција со паметен телефон и повеќе простор за багаж.
Daimler не објави кога новите модели Smart ќе се појават на пазарот како ни нивната цена.