Прибе му ја нагласи на Пендаровски важноста на владеењето на правото за евроинтеграциите

од desk2
120 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со Рајнхард Прибе, поранешен директор во Европската Комисија и предводник на групата експерти за системски прашања од областа на владеењето на правото.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, Прибе го запозна Пендаровски со тековните ангажмани и планови.

Поранешниот директор во ЕК ја нагласи важноста на владеењето на правото во процесот на евроинтеграциите, се посочува во соопштението.