До 22. септември сите очи на љубителите на автомобилите и на брзината ќе бидат вперени во Франкфурт, каде почна најголемиот саем на автомобили во Европа.
На саемот во Франкфурт не се појавија дваесетина производители со објаснување дека штедат , односно дека ги пренасочуваат ресурсите во друго подрачје. Затоа пак оние кои изложуваат , имаа што да покажат.
Особено се истакнаа германските брендови како VW , BMW, Mercedes .
Тие покажаа голем асортиман , збогатен со бројни иновации. На саемот стигна и азиските конкуренти Хонда и Хјундаи. На овој саем беше промовиран и Дифендерот на Ровер.
Во Франкфурт е направен баланс меѓу новите технологии , електричните и класичните возила и вообичаените со ексцентричните дизајни.
Илјадниците посетители имаа што да видат , а саемот го псоети и испроба некои од моделите и германската канцеларка Ангела Меркел.