Северна Македонија со втор пораз на Европското одбојкарско првенство

од desk2
118 прегледи

Одбојкарската репрезентација на Северна Македонија го доживеа вториот пораз на Европското првенство (ЕП) во во Словенија, откако со 3-0 (25-20, 25-23, 25-13) сетови загуби од Турција.

Неискуството на нашиот тим повторно си го кажа својот збор, но недостасуваше и борбеноста која ја видовме вчера против тимот на Финска.

Турција лесно дојде до триумф над македонската селекција, откако играше далеку подобро во нападот, подобри беа при контрите и играа подобро на блок.

Следниот меч за нашата селекција ќе биде утре, сабота од 17:30 часот, кога се среќаваме со фаворитот во групата Русија.