Данец се удави во Дубровник

од desk2
261 прегледи

Во морето кај хотелот „Президент“ во Дубровник денеска се удави 65-годишен Данец.

Удавениот бил гостин во еден хотел на Бабин Кук, соопштија од полицијата на Дубровничко-неретванската жупанија.

Како што пренесе Хина, се претпоставува дека на Данецот му се слошило додека пливал во морето, поради што дошло до давење, но фактите че се утврдат со обдукција.