Во оваа класа на возила владее остра конкуренција, пред сѐ меѓу американските и јапонските брендови.
Најпродаван пикап во првата половина од годината беше Ford F-Series, со 538.436 испорачани возила, пренесува сајтот focus2move.com.
На второ и трето место исто така има американски модели, и тоа Ram pick-up со 346.842 продадени примероци и Chevrolet Silverado со 287.413 единици.
Најдобро пласиран јапонски пикап е Toyota Hilux кој стигна до 272.293 купувачи ширум светот, а петтата позиција ја држи Isuzu D-Max (171.035 единици).
Вака изгледа листата на 10-те најпродавани пикап модели низ светот досега во 2019 година:
1. Ford F-Series 538.436 продадени примероци
2. Ram pick-up 346.842
3. Chevrolet Silverado 287.413
4. Toyota Hilux 272.293
5. Isuzu D-Max 171.035
6. Ford Ranger 158.730
7. Toyota Tacoma 132.740
8. GMC Sierra 127.225
9. Chevrolet Colorado 79.137
10. Nissan Navara 66.660 продадени примероци.