Малцинскиот партнер во коалицијата со Ангела Меркел, Социјалдемократската партија , бара изградба на дополнителни милион полначи за електрични автомобили .
,,За да се продаваат електричните автомобили во Германија уште подобро , потребни ни се доволно можности за нивно полнење .” рече вицеканцеларот Олаф Шолц во разговор за весникот Билд ам Сонтаг. На неколку дена пред т.н. климатски состанок на кабинетот на владата на Ангела Меркел , на кој би требало да бидат донесени насоките на Германија за политиките поврзани со климатските промени , еден од главните механизми во борбата се смета преминување на електрични возила.
Главното прашање, според Шолц, кој исто така работи како министер за финансии, е финансирање на програмата на милион нови полначи.
„Проблемот е финансирањето. Локалната самоуправа исто така треба да биде вклучена“, рече Шолц.
Планирани се и дополнителни даночни олеснувања за сопствениците на електрични автомобили.
Т.н. Климатскиот пакет на германската влада треба да биде усвоен следниот петок, и предвидува постигнување на климатските цели до 2030 година, за што треба да бидат наменети околу 40 милијарди евра.
Во Германија продажбата на електрични , односно хибродни т.н. плаг ин автомобили е во пораст, но нивниот удел во вкупниот број на продадени нови автомобили е сè уште занемарлив со 1,9 проценти.