Курти: Косово сега не е во можност да и се придружи на Албанија

од desk4
194 прегледи

Кандидатот за премиер на Косово од Движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави дека „Косово има право да се придружи кон Албанија, но дека тоа денеска не е можно“.

-Унијата меѓу двете земји е сложено прашање. Тоа не зависи само од нас, туку и од Албанците, рече Курти, пренесе Газета Експрес.

Зборувајќи за химната на Косово Курти кажа дека треба да се смени и додаде дека „ни химната, ни знамето, не и припаѓаат на Албанија, туку на албанската нација“.

-Играчите не се виновни за химната и знамето, затоа што не можат да ја пеат химната. Подобро ќе биде химната да ја наречеме „Косово“, а не „Европа“, рече Курти, пренесе Косово.онлајн.