
Животот на повеќето од нас е таков што поголемиот дел од времето го поминуваме во седење пред компјутер.
Според неодамнешното истражување на 51.896 жители на САД, секое лице постаро од 20 години поминува во просек по 6,4 часа на ден во седење.
Во голема мера тоа не зависи од нас. Денес голем процент на професии се организирани на таков начин што не бараат од нас никакво движење.
Ова е еден од глобалните проблеми во областа на здравјето, според Светската здравствена организација.
И додека борбата со седентарниот животен стил е тешка, таа не е невозможна. Постојат неколку едноставни и лесни за правење вежби кои ќе го подобрат вашето држење на телото и ќе го зајакнат вашето здравје:
Растегнете се на секои половина час
Обично, откако долго време сме седеле пред компјутер, несвесно сме зазеле погрешно држење – го кривиме ‘рбетот и ги стегаме рамената.
Ова ги ослабува мускулите на горниот дел од грбот и вратот, ги затегнува мускулите на рамената и торзото, а исто така може да предизвика силна болка.
Најдоброто решение е да пронајдете начин, на кој ќе се потсетувате на секои половина час да станете од столот и да се движите.
Држењето на телото
Кој смета дека заморот се јавува единствено како резултат на продолжената физичка активност, греши.
Цел ден поминат на стол пред компјутер, исто така на прави уморни, а ситуацијата станува уште потешка во случај на неправилно држење на телото.
Токму затоа, експертите објаснуваат дека работењето во исправена положба е покорисно за нашето тело. Ако немате можност да работите во стоечка позиција, специјалистите имаат неколку препораки за вас.
Првата важна работа е да ги држиме главите на ниво на рамото, но брадата треба да се насочи малку надолу.
Императив е целосно да се потпираме на задниот дел од столот. Секоја друга поза му штети на нашето тело.
Екранот на вашиот компјутер или лаптоп треба да биде директно пред нашите очи, и да не се напрегаме да гледаме нагоре или надолу.
Нашите рамења треба да бидат опуштени, а рацете и лактите – блиску до нашето тело.
Се препорачува тастатурата да се постави на ниво на лактот за да може подлактицата да лежи целосно хоризонтално на работната површина.
Вратот
Излегува дека вратот е едно од најслабите места кога станува збор за неправилно држење на телото. Употребата на компјутер, телефон, таблет и сите видови електронски уреди, придонесуваат за овој феномен.
Затоа е исклучително важно да го задржите вратот исправен. Сигурно сте виделе многу луѓе во јавниот превоз и на улиците чија глава се чини дека излегува понапред од телото како резултат на лошата положба на телото при работа со електронски уреди.
Експертите препорачуваат да го движиме вратот што е можно почесто, и секогаш кога ќе почувствуваме дека нашето држење на телото не е правилно, треба веднаш да се поправиме.