На Советот за безбедност на ООН, Русија и Кина ставија вето на резолуцијата за примирје во сириската провинција Идлиб, јави Дојче веле.

Документот беше поднесен од Германија, Белгија и Кувајт . На гласањето, тој беше поддржан од 12 земји, a една воздржана – Екваторска Гвинеја.

  Состанокот ја отфрли и алтернативната руско-кинеска нацрт- резолуција. Тaa беше поддржанa од Русија и Кина, 9 гласаа против, 4 воздржани.

Ова е 13-то вето на Русија за резолуција за сирискиот конфликт.

  Документот поднесен од Германија, Белгија и Кувајт вели дека е потребен непосреден прекин на огнот и се сугерира дека прекинот на огнот ќе стапи на сила на полноќ на 21 септември. Целта е „да се избегне влошување на катастрофалната состојба “ во провинцијата Идлиб.

Руско-кинеската верзија, исто така, официјално повикува на прекин на непријателствата, но режимот на прекин на огнот не треба да се однесува на воени операции против „групи и лица поврзани со терористички сили“ . Дамаск и Москва ги идентификуваат сите опозициски сили во Сирија како терористички.