Могерини ќе се сретне со лидерите на Западниот Балкан во Њујорк

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, ќе оствари средба со шесте претставници на земјите од Западниот Балкан за време на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк на 22 септември.

Сѐ уште не е прецизирано која земја кој член на државниот врв ќе го прати, но сите шест земји ќе имаат работна вечера со шефицата на европската дипломатија, соопштија од Европската Комисија.

Темите на разговор не се соопштуваат засега, но се очекува да се разговара за сите главни регионални прашања. Тоа ќе биде последното Генерално собрание за Могерини во функција на висока претставничка за надворешната политика на ЕУ.

За време на нејзиниот мандат е решен билатералниот спор меѓу Грција и Северна Македонија, но заглавија преговорите помеѓу Белград и Приштина.