Рускиот претседател Владимир Путин најави дека глобалните конфликти се предизвикани од странските обиди да влијаат на внатрешните работи на одделни земји. Тој гопосочи тоа во писмена изјава прочитана од рускиот директор за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин.

 

За време на состанокот на шефовите на безбедносни и разузнавачки служби на Комонвелтот на независни држави (ЗНД), Путин изјави дека овие конфликти ги кршат „традициите и историската меморија формирана низ вековите “.

Тој додаде дека општите цели биле да се спречат овие обиди за мешање од странство во политичките и социјалните процеси во државите и да се осигури дека се заштитени интересите на општеството и правата и слободите на граѓаните .

Во меѓувреме, Наришкин инсистираше на тоа дека „ неоснованите тврдења дека некоја земја учествувала во нападот на нафтените постројки во Саудиска Арабија се неприфатливи “.

“Ние очигледно осудуваме такви дејствија. Сепак се бараат многу јасни непристрасни докази за вина . Нејасно обвинувања за некоја земја, движење или друга сила која е иницијатор на овие активности, се недопуштени”, истакна шефот на руското разузнавање, мислејќи на  обвинувањата на САД и Саудиска Арабија против Иран за беспилотни летала и крстосувачки ракетен напад врз саудиските нафтени објекти.