Спикерот на Претставничкиот дом се очекува да побара процес за импичмент на Трамп

од desk4
151 прегледи

Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, контролиран од демократите, денеска се очекува да објави формална процедура за отпочнување на импичмент (отповикување) на претседателот Доналд Трамп, дознава Си-Ен-Ен.

Според телевзијата, веќе 160 членови на Претставничкиот дом бараат импичмент на претседателот, после сознанијата дека тој наводно ја злоупотребил власта со притисок врз странски лидер, украинскиот претседател Володимир Зеленски, да објави компромитирачки материјали за претендентот за демократски претседателски кандиднат Џо Бајден.

Во меќувреме, Трамп изјави дека утре ќе објави декласифицирана транскрипт од разговорот со Зеленски.

Слични содржини