Превкусна топла крем чорба која ќе ве стопли во ладните есенски денови
СОСТОЈКИ
– 2-3 мали долгнавести тикви
– 700 мл растителна супа
– 30 мл соја сос
– 1 ½ лажичка хималајска сол
– 1 лажичка црвен пипер
– 4 гранчиња мајчина душичка
– 4 чешниња лук
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 200 степени. Тиквите исечете ги на половина по должина и исчистете ги од семките. Со нож засечете ги одозгора дијагонално за да се испечат полесно. Ставете ги на плех обложен со хартија за печење и зачинете ги со сол. Изронете ги гранчињата мајчина душичка над нив и ставете ги нелупените чешниња лук. Ставете да се печат во рерната 20 минути, па извадете ги чешнињата лук и продолжете со печење уште 20 минути. Откако се печени тиквите оставете да одморат 5-10 минути, па со лажица одвојте го месото од лушпата. Ставете го во блендер заедно со сите состојки и блендирајте додека добиете кремаста смеса. Послужете ладно или топло посипано со тостирани лупени семки од тиква, павлака или тостиран леб.