Кремаста супа од зеленчук и печурки

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 1 главица кромид

– 1 чешне лук

– 1 морков

– 1 компир

– 10 см од белиот дел од празот

– 1 тиквичка

– 150 гр шампињони

– 1 лажица путер

– 1 коцка пилешка супа

– 1 лажичка сув билен зачин

– 1/2 лажичка сол

– 1/3 лажичка бибер

– магдонос

– 100 гр павлака за готвење

– 700 мл вода

– маслиново масло

Подготовка:

На маслиново масло пропржете го сечканиот кромид. Кога ќе стане стаклест, додадете сечкан лук и загрејте додека не замириса.

Потоа додадете моркови и праз исечени на прстени, како и компири исечени на коцки. Варете додека зеленчукот не омекне малку.

Додадете ги тиквичките исечени на прстени и сè заедно динстајте околу 10 минути.

За тоа време испржете ги исечените шампињони на путер додека не поруменат.

Прелијте го зеленчукот со вода. Додадете сол, зачини од суви билки, коцка за пилешка супа и пржени печурки. Гответе околу 30 минути или додека зеленчукот не омекне, а потоа измешајте со блендер или маталка.

Во супата додадете бибер, сечкан магдонос и павлака за готвење. Доволно е само да почне да врие супата.

Слични содржини