Гастрономски тајни: Знаете ли која форма на тестенина со каков сос одговара?

од desk4
365 прегледи

Во светот постојат повеќе од 350 облици и видови тестенини. Тие се можеби најпопуларниот избор за брз оброк, но тоа не значи дека треба да се подготвуваат „од око“, без размислување зошто всушност постојат толку форми.

Pixabay

Луѓето најчесто во продавница ги купуваат оние кои им се напривлечни за око или формата им изгледа интересна. Но, врвните гастрономи точно знаат со каков сос се комбинираат шпагетите, со каков правите макарони, а со каков оние тестенини што наликуваат на школки.

Ова се неколку практични совети, со чија помош ќе научите да правите совршени тестенини.

Тестенините бирајте ги според густината на сосот. Лесните сосови, со потечна конзистенција, најдобро одговараат со потенки тестенини. На пример, обичниот доматен сос со зачини, алфредо или масло со лук комбинирајте со шпагети или со тенки таљатели.

Pixabay

Густите сосови подобро одат со поголеми и подебели облици на тестенини, во кои сосот подобро ќе се впие. Оние со рапава текстура или тие што личат на спирали подобро впиваат и задржуваат сос во себе.

Широките резанци, познати и како јувки, се послужуваат со густи и кремасти сосови во кои може да има парчиња печурки или зеленчук. Ако сакате зачинети сосови со густа текстура, изберете пене (широки, прави и дебели макарони) или оние со облик на спирали.

Ако сакате да направите тежок сос со многу состојки, тогаш изберете ги тестенините со облик на школка, бидејќи тие освен што впиваат доволно сос, во празнината задржуваат голема количина од состојките.

Оние со облик на полжав, машничките, како и спиралните, се одличи за познатиот песто сос, но и сличните на него, кои содржат доста суви состојки. Што се однесува на популарното болоњезе, наместо со шпагети, подготвувајте го со таљатели, ќе добиете навистина подобар оброк без многу труд.

Pixabay

 

Слични содржини