Пилешки батаци со зеленчук

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 500 гр пилешки батаци
– 1 кромид
– 2 пиперки
– 1 морков
– 2 домата
– 2 компира
-масло
-зачини за пилешко
-лук

Подготовка:

Кромидот, пиперките, морковот се сечкаат и се пржат на масло 5-6 минути. Додека зеленчукот се пржи, посолете го месото, додадете ги зачините за пилешко, може и соја сос, истолчениот лук и сè измешајте.

Истурете го пржениот зеленчук во тавата, додадете коцки домати и коцки компири и измешајте. Наредете ги батаците, печете на 200 степени околу еден час. Покријте со фолија половина час, а потоа откријте и запечете.

Слични содржини