Животот во близина на природа полна со зеленило многу позитивно влијае врз вашето ментално, но и физичко здравје, а во исто време ве прави продуктивни и посветени на дневните обврски.
Според едно истражување спроведено во Велика Британија, луѓето од централните градски населби кои живееле опкружени со згради и бетон биле помалку среќни од оние кои доаѓале од периферните делови на градовите, во близина на природа.
Погледот во природа го подобрува менталното здравје од повеќе аспекти. Овие луѓе покажале резултати дека се посреќни со својот живот, негувале повеќе лични вредности, вештини и задоволства, а на работа користеле нови истражувачки техники.
Со развојот на урбанизмот, многу поретко се почитува потребата секој човек да има пристап до зелени површини, па се случува многу урбани средини да се загушени од градби и луѓето кои живеат таму да немаат никаква можност да уживаат во зеленилото.
Со оваа анализа се верува дека ќе се мотивираат градежниците и изведувачите попаметно да го планираат просторот кој го имаат на располагање, со цел да се обезбеди дел од земјиштето за парк или зелена површина.