(Видео) Десет патници загинаа во тешка сообраќајка на југот на Романија

од desk2
178 прегледи

Во судар на камнион со минибус загинаа десетмина патници на југот на Романија.

Во несреќата загинаа возачите на двете возила , како и осуммина патници од минибусот. Несреќата се случила во близина на селото Балачи , на југот на земјата.

Локалната полиција отвори истрага за причината за судирот.

Според Ројтерс, лошата патна инфраструктура во Романија е најверојатно причина за оваа несреќа, во која загинаа десет лица, додека бројот на повредени не е објавен.