Момче од Куманово пазарело со фалсификувани пари

од desk2
236 прегледи

Деветнаесетгодишно момче од Куманово купувало во продавници и плаќало во ресторани со фалсификувани пари.

Според информациите на МВР, М.И. (19) на 3 октомври платил на две места за производи и услуги со фалсификувани банкноти од по 1.000 денари.

Истиот ден, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул. 143 во Куманово, при што пронашле 11 фалсификувани банкноти и тоа 10 банкноти во апоени од 500 денари и една банкнота во апоен од 1.000 денари.

М.И. бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.