Зошто треба да спиете голи уште од вечерва

од desk4
357 прегледи

Најжешката сезона е одамна зад нас, и сигурно веќе почнавте да носите пижами кои ќе ве загреаат во постудените ноќи. Сепак, научниците велат дека не е корисно спиењето во облека.

Beautiful young woman with cute cat lying in bed at home

Сега е вистинското време да ги оставите вашите меки пижами или ноќници во плакарот, бидејќи тие сериозно ве спречуваат да имате квалитетен и долг сон. А тоа посебно ви е потребно кога сезоната се менува и времето е прилично нестабилно. Научниците тврдат дека кога спиеме со облека, без разлика дали е специјално дизајнирана за спиење, нашето тело го ставаме под поголем ризик од бактерии. Причината е што тие се кријат во ткаенината и кога ќе ја поминеме целата ноќ облечени, неизбежно ќе дојдат во контакт со нашата кожа. Бактериите исто така се префрлаат на прекривките.

Другата причина зошто голи ќе спиеме подобро е поради телесната температура. Кога се облекуваме и превртуваме во кревет, се нарушува терморегулацијата. Кога премногу се загрева телото се создаваат поволни услови за развој на микроорганизмите. Покрај тоа, тешката терморегулација влијае на тоа како се чувствувате и може да го наруши вашето расположение.
И на крај, но не и најмалку важно – на облеката има копчиња и патенти, кои доколку не предизвикаат непријатност, можат да бидат пречка да заспиете брзо и со тоа да ви одземат од времето предвидено за одмор.

Слични содржини