Тужба против Џенифер Лопез за нејзина фотографија

од desk4
269 прегледи

Пејачката и актерка Џенифер Лопез се соочува со тужба за неовластено користење своја фотографија.

Имено агенцијата Тhe Blast, Splash News and Picture Agency ја тужи пејачката и актерка Џенифер Лопез за неовлстено користење нивна фотографија, на која е таа заедно со Алекс Родригез, тогашното момче, денешен сопруг.
Од агенцијата објаснуваат дека фотографијата на која тие двајца се држат за рака, била направена од нивни фотограф и авторските права биле заштитени, но Џеј Ло ја искористила и ја ставила на приказна во својот Инстаграм профил, без одобрение и дозвола, во ноември 2017 година. Со оглед дека нејзиниот налог на социјалната мрежа е јавен и има 93 милиони следбеници, фотографија бесправно е искористена во јавност и ја оштетила компанијата, која можела да ја продаде на списанија и со тоа легално да заработи.
Парите за отштета кои ги бараат од компанијата се 150.000 долари. Со ваков проблем не се соочува само Џеј Ло. Имено со тужби од папараци се соочија уште Џиџи Хадид и Викторија Бекам.

 

Слични содржини