Заев денес полни 45 години

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев, денес го прославува својот 45. роденден. Тој е роден на 8 октомври 1974 година во Струмица, во земјоделско и традиционално семејство.

Во 1997 година, Заев дипломирал на Економскиот факултет на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ каде што продолжил со постдипломски студии по монетарна економија и финансии.

Зоран Заев е член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од 1996 година, а од 2003 до 2005 година е пратеник во македонското собрание.

Од 2005-та година стана градоначалник на Струмица, а од 2013 година е прв човек на СДСМ.
По победата на парламентарните избори во 2016 година, тој е предводник на Владата на земјава.

Пред да влезе во политиката тој се занимавал со приватен бизнис.
Заев е оженет со Зорица Заева со која има две деца.
Заев, заедно со неговиот грчки колега Алексис Ципрас, во 2019 година ја доби и официјалната номинација за Нобеловата награда за мир поради постигнувањето на Договорот од Преспа, со кој нашата земја беше преименувана во Северна Македонија.

Слични содржини