Кога сме помлади имаме повеќе време и енергија, но и желба да искусуваме многу нешта, па затоа и често не знаеме што всушност сакаме од себе и од другите.
Ако веќе сте навршиле 30 години, тоа не значи дека љубовниот живот завршил, токму напротив, во овој период од животот можете да бидете сигурни дека ќе вложувате во поквалитетни и постабилни односи, но и дека нема да губите време давајќи шанса на некој кој не ја заслужува.
Во продолжение прочитајте неколку факти зошто „дејтингот“ во 30-тите е подобар од оној во 20-тите:
– Имате подобра идеја што сакате
– Полесно поставувате прашања чиј одговор ви е важен
– Сте научиле лекции од своите претходни грешки
– Знаете дека нема потреба да трошите време на нешто што од почеток се гледа дека нема да трае
– Го цените своето време
– Свесни сте дека не треба да сте во врска само колку да бидете во врска
– Имате многу повеќе искуства
– На поранешните партнери гледате како на научена лекција, а не како товар
– Нештата може да се одвиваат и побрзо, ако навистина тоа го сакате
Се согласувате со овие факти? Имате ли нешто да додадете од свое искуство?