320
Пратеникот Александар Кирацовски во изјава за Фокус, тврди дека проширената истрага за предметот „Рекет“ не се однесува на него, иако во соопштението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција се вели дека истрагата се проширува на четири нови лица и еден функционер.
„Не сметам дека се однесува на мене, никој не ми се јавил, ниту ми кажал нешто“, рече Кирацовски, кој претходно беше повикан да даде исказ во Обвинителството.