За СДСМ Мицкоски блефира и со почесниот претседател и со продажбата на `белиот дворец`

од desk2
119 прегледи

Христијан Мицкоски по секоја цена се определи за Никола Груевски и не се огради од неговите криминали, напротив, и натаму останува посветен на одбраната на криминалот на одбрана на режимот, смета владејачката партија.

– Најавата за бришење на функцијата почесен претседател, без осуда, без оградување од криминалот на Груевски е уште еден прочитан блеф на Мицкоски, рече Стефан Васев од СДСМ.

Тој порача и дека блеф е наводната продажба и донирање на парите од продажбата на белиот дворец изграден за време на најголема сиромаштија.

Инаку, во интервју на телевизија, синоќа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека со новиот Статут на партијата ќе нема повеќе почесни претседатели.

За денеска од таму да се дообјаснуваат дека експремиерот Никола Груевски, сепак, останува почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што ниту во сегашниот нема точка која предвидува дали некој ќе стане почесен претседател.

Тоа е право исклучиво на највисокото партиско тело – Конгресот, кој му ја додели титулата на Груевски на последниот Конгрес во Валандово во декември 2017 година кога Мицкоски стана лидер. Од тие причини, како што велат во ВМРО-ДПМНЕ, не постои можност да се отповикува одлуката на Конгресот, пишува „Независен“.